СРЕДБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОПСКИОТ ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ

Печати

27.7.2015

Слика 1. Средба со претставници на ЕЕСКСлика 1. Средба со претставници на ЕЕСК

Социјалните партнери, членови на Економско- социјалниот совет на 27.7.2015 година, на барање на Европскиот економско- социјален комитет имаа работна средба на која беа дискутирани повеќе прашања поврзани со социјалниот дијалог во Република Македонија, активностите поврзани со работното законодавство, како и активностите на социјалните партнери во однос на социо- економските прашања во РМ.

Од страна на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, беше претставен Сојузот на синдикатите на Македонија и позицијата, улогата и активностите на ССМ во подобрување на работното законодавство, донесувањето на повеќе клучни закони меѓу кои се Законот за минимална плата, Законот за мобинг, измените и дополнувањата на Законот за БЗР, поттикнувањето на процесот на ратификување на повеќе конвенции.

Исто така, од страна на претседателот на ССМ, беа потенцирани повеќе можности и потреби кои преку Европскиот економско- социјален комитет треба да бидат заеднички реализирани во смисла на подобрување на капацитетот на социјалните партнери во РМ.

Инаку, Европскиот економско- социјален комитет има развиено регионален и билатерален пристап со организациите на граѓанското општество и синдикатите од Западен Балкан, а глобалните цели се да придонесе за консолидација на демократијата и идното пристапување во ЕУ, да се охрабри и граѓанскиот и социјалниот дијалог со развивање на култура на дијалог помеѓу властите, синдикатите и останатите организации, создавање на јасни и ефикасни институционални рамки за граѓански и институционален дијалог, промоција на воспоставување на соодветни правни средини и да се зголеми размената на искуства и најдобри пракси.