ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ОКОЛУ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

Печати

24.6.2015

Слика 1. Работни тимови од ССМ и ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел ДимитровСлика 1. Работни тимови од ССМ и ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров

На ден 24.6.2015 годна работните тимови во својство на преговарачи од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во состав од претседателите на грански синдикати од приватен сектор и овластените преговарачи од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), ги продолжија преговорите околу измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството.

На средбата беа изложени ставовите и видувањата по однос на овие прашања на социјалните партнери и беа дефинирани одредени предлози кои треба да бидат разгледувани пред Претседателството на ССМ и пред Управниот одбор на ОРМ.

Преговарачките тимови беа предводени од д-р Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ).