ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ - 1ви МАЈ

Print

 ssm 1maj 2015

 С О О П Ш Т Е Н И Е

Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите програмски определби и оваа година традиционално ќе го одбележи  Меѓународниот ден на трудот, 1-ви Мај.    

Согласно Одлуката на Советот на ССМ донесена на 16тата седница на Советот на ССМ одржана на 21.04.2015 година во врска со одбележувањето  на Меѓународниот ден на трудот, 1ви Мај, Сојузот на синдикатите на Македонија на 01.05.2015 година ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, 1-ви Мај со реализација на  МАРШ НА СОЛИДАРНОСТА кој ќе започне со собирање на платото пред зградата на ССМ во Скопје до 12 часот.

Учесниците на маршот ќе се движат по утврдена патека од пред зградата на ССМ во Скопје покрај Собранието на Република Македонија и на манифестацијата ќе биде прочитан првомајскиот манифест со неколку пораки:

Сојузот на синдикатите на Македонија оваа година со оваа манифестација активно ќе се вклучи и во вкупните активности кои ќе ги реализираат ITUC и ETUC, а активностите ќе бидат фокусирани и на обезбедување на колективни договори за сите работници, односно и таму каде што ги нема. Активностите во текот на годината ќе бидат насочени и кон обезбедување на сигурни работни места, работен однос на неопределено време и сигурни плати за сите работници.