ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ (МПС)

Печати

 

6.5.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Македонскиот полициски синдикат (МПС), одржа прес- конференција по повод настаните одржани пред Владата на РМ на 5.5.2015 година, каде беа повредени многу припадници на Министерството за внатрешни работи, членови на Македонскиот полициски синдикат (МПС).

На прес-конференцијата, Македонскиот полициски синдикат (МПС) најостро ги осуди насилните активности на демонстрантите пред Владата на Република Македонија, каде беа повредени над 30 полицајци, од кои 8 поради тежината на повредите се хоспитализирани.

Слика 1: Претседателот на МПС, Тихомир Климоски со членови на претседателството на синдикатот на МПС на прес- конференцијатаСлика 1: Претседателот на МПС, Тихомир Климоски со членови на претседателството на синдикатот на МПС на прес- конференцијата

Претседателот на МПС, Тихомир Климоски истакна дека повредените полицајци се нивни членови и пред се луѓе, нечии родители, браќа и сестри, кои сега се во длабока траума и тага и дека со ништо не придонеле така брутално да бидат нападнати, додека ниеден од демонстрантите.

Претседателот Климоски, апелираше до структурите кои ги организираат овие немили настани сериозно да размислат при организацијата и спроведувањето на истите, особено поради фактот што притоа се ангажирани лица кои се добро познати и регистрирани во полицијата како насилни и криминални структури.

На крајот претседателот Климоски истакна: „Прагот на толеранција кој постои при секое професионално полициско постапување при вакви настани одамна е пречекорен и мора да се применат професионалните стандарди кои ги применува секоја полиција во едно демократско општество“.

Воедно Македонскиот полициски синдикат изрази длабоко сочувство и поддршка во болката која ја доживуваат повредените колеги и нивните семејства.