ПРИЗНАНИЕ НА АКТИВНОСТИТЕ НА СИНДИКАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Печати

 

24 и 25.2.2015

Слика 1. Претседателот д-р Митревски во улога на претседавач на форумот „Солидарност“Слика 1. Претседателот д-р Митревски во улога на претседавач на форумот „Солидарност“

На пленарниот состанок на Регионалниот Синдикален Совет „Солидарност“, кој се одржа на 24 и 25.2.2015 година во Белград, Србија, покрај разгледувањето на главните точки од дневниот ред за реализација на проектот „Унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог“, Сојузот на синдикатите на Македонија- ССМ, доби голема чест со тоа што и беше дадено правото да претседава со синдикалните централи од регионот и тоа Сојуз на самостојни синдикати на Србија- СССС, Соединети грански синдикати „Независност“- Србија, Сојуз на синдикати на Република Српска- ССРС, Сојуз на самостојните синдикати на Босна и Херцеговина- ССССБиХ, Сојуз на самостојни синдикати на Хрватска- СССХ, Сојуз на синдикати на Црна Гора- ССЦГ, Унија на слободни синдикати на Црна Гора- УССЦГ и Сојуз на самостојни синдикати на Словенија- ЗССС. За претседавач со овој форум избран е, д-р Живко  Митревски, претседател на ССМ.

Слика 2. Учесници во форумот „Солидарност“ по земји и нивни претседателиСлика 2. Учесници во форумот „Солидарност“ по земји и нивни претседатели

Претседавањето ќе биде во рок од 1 година а во текот на овој период ќе бидат разменувани искуства во врска со работното законодавство, социјалната заштита и примената на меѓународните конвенции од овој регион.

Истовремено регионалниот форум „Солидарност“ќе ја развива и синдикалната солидарност во решавање на секојдневните прашања во матичните земји.

Признанието доаѓа во услови кога ССМ со своите активности претставува пример во одбрана и унапредување на работното законодавство и работничките права во регионот.