#18ФЕВ – НЕ ПОСЕГНУВАЈТЕ ПО ПРАВОТО НА ШТРАЈК

Печати

 

18.2.2015

18-02-2015-img1

Денес, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се приклучува кон Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати во одбраната на правото на штрајкот кое е под постојан напад од страна на работодавачите и владите насекаде во светот.

На овој ден синдикатите ширум светот повторно укажуваат на значењето на ова фундаментално право на работниците.

Поаѓајќи од меѓународните трудови стандарди и европската регулатива во  Република Македонија правото на штрајк е регулирано пред се со Уставот како   фундаментален правен акт на демократските принципи во државата.

Во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот, при регулирањето  на  економските, социјалните и културните права на граѓаните, во член 38 од Уставот е определено дека во Република Македонија се гарантира правото на штрајк.

Поконкретна законска регулатива за начинот и постапката на остварувањето на правото на штрајк како начин за остварување и заштита на економските и социјалните права на работниците е содржана во Законот за работните односи.

Сојузот на синдикатите на Македонија како социјален партнер во државата се залага за социјален дијалог и трипартитно учество во креирањето на националните стратегии и политики во РМ , но во агендата на своето делување ССМ го актуелизира и применува и методот на притисок и влијание по пат на штрајк секогаш кога методите на мирно и спогодбено  остварување на правата на работниците нема да вложат со плод, односно кога во преговорите со социјалните партнери неоправдано не се почитуваат нашите аргументирани барања и ставови.

Меѓународната конфедерација на синдикати организира низа активности кои го промовираат правото на штрајк. Овие активности може да ги погледнете на следниот линк: http://www.ituc-csi.org/18feb

Во продолжение Ви го пренесуваме обраќањето на Бернадет Сегол, Генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС) по одвод одбележување на денешниот ден.

#18ФЕВ – НЕ ПОСЕГНУВАЈТЕ ПО ПРАВОТО НА ШТРАЈК

Правото на штрајк е под постојан напад од страна на работодавачите и од страна на владите. Правото на штрајк е основно, фундаментално, историско право. Правото на штрајк мора да постои и мора да се брани. Без право на штрајк нема демократија, нема санкција за заштита на работниците од експлоатација. Доволно страдавме во овие години на криза. Нема да страдаме губејќи го правото на штрајк. Како Генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати се приклучувам кон меѓународното синдикално движење, нагласувајќи дека за правото на штрајк не може да се преговара. Не посегнувајте по правото на штрајк!

Извор: http://www.etuc.org/press/18feb-hands-workers-right-strike