СЕМИНАР СО ЕВРОПСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ- ЕТУЦ -УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ-

Печати

 

22-23.1.2014

Слика 1. Делегацијата од Сојузот на синдикатите на Македонија предводена од претседателот д-р Живко МитревскиСлика 1. Делегацијата од Сојузот на синдикатите на Македонија предводена од претседателот д-р Живко Митревски

На 22 и 23 јануари 2015 година во Белград, Р. Србија, во организација на Европската конфедерација на синдикати- ЕТУЦ, се одржа семинар за градење на капацитетите на синдикатите на тема: „Унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог“. На овој семинар учествуваа социјалните партнери од Република Македонија, Црна Гора и Србија. Делегацијата од Сојузот на синдикатите на Македонија, беше предводена од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, во состав: Анѓелко Анѓелковски, претседател на СТКЧ, и секретар на Советот на ССМ, Павел Трендафилов, претседател на СГИП, Живко Даневски, претседател на АГРО синдикат, Зоран Мироновски, претседател на СХНМ и Милован Арсовски, претседател на ГИФИХ. Воедно на овој семинар присуствуваа и останатите претставници на социјалните партнери од Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, (КСС), Организацијата на работодавачи на РМ, (ОРМ), како и претставници на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, (БКМ).

Главна цел на овој семинар беше да се презентира европскиот социјален дијалог и неговите резултати; улогата на европските и националните организации; презентирање на ситуацијата на колективното договарање на национално ниво и инструментите за имплементација и следење на европскиот социјален дијалог.

Исто така, на семинарот беа претставени најдобрите практики и примери од националните и секторските социјални партнери од европски и меѓународни претставници. Во фокусот на овој семинар беше и креирањето на идните активности и соработка меѓу социјалните партнери за изнаоѓање на најдобар начин за градење на нивните капацитети.

Согласно претходните програми за работа на ЕТУЦ, европските социјални партнери организираа низа семинари во земјите членки на ЕУ и земјите кандидати, со цел унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог. Во рамките на нивната тековна програма за работа и "Интегрираните проекти за ЕУ социјален дијалог 2014-2016", се одржа и овој семинар посветен исклучиво на градење на капацитетите на голем број земји- кандидати за членство.

На семинарот се одржаа и посебни состаноци со претставници на работодавачите и синдикатите како и заеднички пленарни седници.