ПРОМОВИРАН СТРАТЕШКИОТ ПЛАН НА ЛОКАЛНО ЕКОНОМСКИОТ СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ 2014-2018

Печати

1.12.2014

 
Слика 1: Претседавачот на ЛЕСС – Град Скопје, Тихомир КлимовскиСлика 1: Претседавачот на ЛЕСС – Град Скопје, Тихомир Климовски


На 1.12.2014 година во Салата на Советот на Град Скопје, Локално екомномскиот- социјален совет- ЛЕСС на Град Скопје, во соработка со проектот УСАИД наречен Млaдинска мрежа за стекнување вештини за врабоување (Мрежа ЈЕС), одржа панел на тема „Менторирање на ученици во компании – потреби и придобивки“ и промоција на Стратегијата на ЛЕСС на Град Скопје. Со Советот претседаваше претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климовски, а присуствуваа и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија-ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на Самостојниот синдикат за енергетика и стопанство на Македонија- ССЕСМ, Роберт Симоноски.    
 
Слика 2: Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, со претседателот на ССЕСМ, Роберт Симоноски на настанотСлика 2: Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, со претседателот на ССЕСМ, Роберт Симоноски на настанот

Акцентот на дискусијата беше ставен на прашањето како да се подобри квалитетот на практичната настава изведена во компаниите од менторите- вработени во компаниите, како и од самите наставници и ученици.

Вториот дел од настанот беше искористен за промоција на Стратегијата на ЛЕСС на Град Скопје. ЛЕСС- Скопје е советодавно тело на Град Скопје и Советот на Градот Скопје, кое покрива прашања од социо- економската сфера, со акцент на проблемите поврзани со вработување на младите.

Стратешкиот план (2014-2018) на град Скопје беше промовиран од страна на Претседвачот на ЛЕСС – Скопје, Тихомир Климовски.

ЛЕСС Скопје е трипартитно тело кое е составено од синдикатите, работодавачите и општинската администрација на Град Скопје.

На панелот присуствуваа и советници од Советот на Град Скопје, членови на ЛЕСС- Скопје, раководители на Општинската администрација, претставници од приватниот и невладниот сектор, како и претставници од проектот УСАИД- ЈЕС Мрежа, кој ги подржува економско социјалните совети во Македонија.