СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ПОДРУЖНИЦАТА НА ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ ВО ТЕТОВО

Печати

 

26.11.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, а воедно и претседател на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ и членот на Извршниот одбор на овој синдикат, Ирфан Исаку, на 26.11.2014 година имаа работна средба со вработените во подружницата на ЈП Македонски Шуми во Тетово.

Оваа работна средба се одржува по однос на одржаниот протес на вработените од оваа подружница на 24.11.2014 г., поврзан со незадоволството од утврдениот коефициент за утврдување на платите во подружницата, потребата од нова механизација и од Х.Т.З. опрема. На средбата од претставниците на синдикатот беше образложен начинот за пресметување на платите, примената на колективниот договор и програмата за БЗР.

Овој состанок беше искористен за образложување на објективните пречки во процесот на производство со кои се соочува оваа подружница и кои треба да се имаат предвид при формирањето на коефициентите.

На крајот од состанокот беше договорено да се достават барањата во писмена форма до менаџерскиот тим на ЈП „Македонски Шуми“ и Управниот одбор кои треба да ги разгледаат на првата наредна седница, процесот на производството да продолжи и синдикатот пред УО да ги образложи барањата.

Исто така, беше извршен и прием на нови членови во синдикатот со нови пристапници и бројот на членство во оваа подружница достигна 98%.