ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО 31 ОКТОМВРИ

Печати

 

19.11.2014

На 19.11.2014 година по повод Меѓународниот ден на штедењето, 31-ви Октомври, на иницијатива на Синдикатот на финансиски дејности на Македонија, а поддржани од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија- ССМ, во просториите на синдикатот се одржа првата трибина од областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Слика 1: Претседателот д-р Митревски на трибинатаСлика 1: Претседателот д-р Митревски на трибината

На настанот присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, тој ги поздрави присутните и го отвори настанот. Во своето обраќање претседателот, д-р Митревски ја истакна трајната определба на Сојузот на синдикатите на Македонија за соработка со гранковите синдикати и потребата за одржување на трибина на оваа тема.

Слика 2: Учесници на трибинатаСлика 2: Учесници на трибината

Своја презентација на трибината имаше д-р Гоце Трајковски, експерт за спречување на перење на пари. Учесници на трибината беа вработените од финансиските институции, банките, штедилниците и давателите на услуги за брз трансфер на пари во Република Македонија.