ОДРЖАН СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛЕН СИНДИКАЛЕН СОВЕТ „СОЛИДАРНОСТ“

Печати

12 и 13.11.2014
На 12 и 13.11.2014 година во Терме Тухељ, Тухељске Топлице (Хрватска)  беше одржан состанокот на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“.
На состанокот присуствуваа претставници од  Сојузот на синдикатите на Македонија, како и претставници од синдикатите на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Во рамките на овој состанок предвидена беше и посебна програма за млади.

Слика 1: Учесници на состанокот на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“Слика 1: Учесници на состанокот на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“

Состанокот го отвори домаќинот и овогодинешниот претседавач Младен Новосел, претседател на Сојузот на самостојните синдикати на Хрватска- СССХ,
На состанокот беше разгледувана темата во врска со јакнење на синдикатот како и размена на искуства и најдобри практики за привлекување, задржување и мобилизирање на ново членството. На состанокот помеѓу останатите учествуваше и Јап Винен, заменик главен секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати - ИТУЦ и Александар Мартин, проектен менаџер на Европската конфедерација на синдикати – ЕТУЦ.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски во своето обраќање зборуваше за активностите на ССМ во претходниот период меѓу два состанока на РСС и го потенцира значењето на унапредувањето на работничките права. Во последните измени на ЗРО околу пензискиот систем, прифатените барања од Владата на РМ за измени во Законот за БЗР, измените на Законот за минимална плата, зголемувањето на платите во јавна администрација за 4%  и зголемувањето на минималната плата во приватниот сектор за 9,32%. На состанокот повторно беше потенцирано значењето на интерната и екстерната комуникација како посебно позитивно искуство  беше потенциран ССМ како успешен пример во регионот и пошироко.

Слика 2: Учесници на состанокот на Одборот на Млади РСС „Солидарност“Слика 2: Учесници на состанокот на Одборот на Млади РСС „Солидарност“

Паралелно со состанокот на РСС „Солидарност“ се одржа и состанокот на Одборот на млади. Состанокот го отвори претставникот од Фондацијата „Фридрих Еберт“, Емилија Грујиќ и Даниел Леш, претседателот на Секцијата на младите на СССХ.

На состанокот се  дискутираше за спроведувањето на Резолуцијата на Одборот на млади на РСС „Солидарност“, која се однесува на унапредување на положбата на младите во синдикатите, која беше усвоена во март 2014 година. Исто така на состанокот беа презентирани  досега направените и започнати кампањи кои настанаа како резултат за време на одржување на „3 Камп на млади“ РСС „Солидарност“ во Марија Бистрица- Хрватска.

Заменикот генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикатите, Јап Винен, се обрати и со задоволство констатира дека младите добро знаат што општеството сака и што треба синдикатите да сторат, со цел да се подобри положбата на младите во синдикатот. Истовремено тој им порача на младите дека мораат да најдат начин да ги реализираат своите идеи.
Со оглед на досегашниот  ротационен принцип во претседавањето на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“, договорено е  во 2015 година, домаќин да биде Сојузот на синдикатите на Македонија.

По завршување на паралелните состаноци се одржа и една заедничка седница. На оваа седница присуствуваа и претставници од Меѓународната и Европска конфедерација на синдикатите, Меѓународна организација на трудот и други гости.