ОДРЖАНА ЈАВНА ДЕБАТА ПО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ВРШЕЊЕ НА НЕРЕГИСТРИРАНА ДЕЈНОСТ -ПОНАТАМОШНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА-

Печати

7.11.2014

Слика 1. Претседателот Митревски со министерот Спасов на јавната дебатаСлика 1. Претседателот Митревски со министерот Спасов на јавната дебата

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа првата јавна дебата по Предлог Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. На дебатата присуствува претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претставници од социјалните партнери.

Министерот Спасов истакна дека овој нацрт текст е изготвен по опсежни анализи, и консултации со партнерите од Економско- социјалниот совет. 

“Нерегистрираната дејност во законите каде што е регулирана, има минимална казна за вршење на нерегистрирана дејност или воопшто ја нема. Практично  поради тие причини постоеше огромен простор и стимул за сивата и неформална економија. Односно, оние кои не беа регистрирани не плаќаат даноци, не ги регистрираат своите бизниси, не ги пријавуваат своите вработени, не ги исполнуваат стандардите за работа, бидејќи практично немаше забрана, ниту казна, ниту постапка која е дефинирана во законите”, рече Спасов.

Исто така, министерот Спасов истакна дека целта на овој закон е да се регулираат нерегулираните дејности во поголем обем во Република Македонија.

Со регулирањето на нерегистрираните дејности од поголем обем, се очекува да се унапредат работничките права, ќе се заштитат и потрошувачите, секој понудувач на услуга ќе се лиценцира и гарантира за извршената услуга на потрошувачите.

7.11.2014 img2Слика 2. Претседателот Митревски на прес конференцијата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски истакна дека Сојузот на синдикатите на Македонија ја подржува идејата за донесување на ваков закон со што би се унапредиле работничките права, би се намалила сивата економија во Република Македонија и би се подобрила материјално, социјално економската состојба на оние работници кои работат кај правните лица кои вршат нерегистрирана дејност. Претседателот Митревски истакна и дека Сојузот на синдикатите на Македонија по однос на Предлог Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност имаше и првични забелешки во делот на допрецизирање на семејната помош, додавањето на пријателска помош која е распространета во Република Македонија, а  како најважни забелешки од страна на ССМ се забелешките во делот на заштита на работниците, односно вработените во случај на затварање и запечатување  на работните простории на работодавачите кои вршат нерегистрирана дејност и предвидување на обврска работодавачот да исплатува плата и придонеси од задолжително осигурување и пријавување во определен рок на работниците во редовен работен однос како што тоа е решено во други закони од работното законодавство.