ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ“

Печати

22.10.2014

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, на 22.10.2014 година во х. Холидеј Ин, учествуваше и имаше свое обраќање на промоцијата на проектот "Унапредување на социјалниот дијалог", финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, кој ќе се имплементира во период од 24 месеци.

Целта на овој проект е поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации. На оваа свеченост се обратија и шефот на Делегацијата на ЕУ, евро амбасадорот, Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН, Луиса Винтон и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа (МОТ) Антонио Грациоси, како и претставници од социјалните партнери.

 Слика 1. Претседателот д-р Митревски во своето обраќање на промоцијата на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог"Слика 1. Претседателот д-р Митревски во своето обраќање на промоцијата на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог"

Претседателот д-р Митревски во своето обраќање го искажа задоволството од промоцијата на Проектот на МОТ за социјалниот дијалог "Унапредување на социјалниот дијалог", што треба да се реализира во Република Македонија во наредните 2 години, но и за поддршката која што ја дава Европската Унија во континуитет, за развој на социјалниот дијалог во нашата земја.

„За ССМ социјалниот дијалог е од исклучително значење и претставува модел и концепт на дијалог за прашања адресирани од засегнатите страни во социјалното партнерство и најдобриот пат за хармонизација на општествените и економските процеси, развој на демократските односи, постигнување на стратешките планирања на социјалните партнери и стабилизација и напредок на општиот развој на општествената заедница”, истакна д-р Митревски.

Претседателот д-р Митревски потенцираше дека во изминатиот период, во Република Македонија има  успешен и интензивен социјален дијалог, чија основа за воспоставување се неколкуте Конвенции на Меѓународната организација на трудот, но и домашното законодавство во делот на работните односи. 

“Институционализираниот и рамноправен социјален дијалог во една земја покажува во која мера се развиени демократските односи, односите меѓу социјалните партнери“, изјави Митревски.

Еден од важните фактори за остварување на програмските заложби и цели на ССМ, е натамошниот развој на социјалниот дијалог, колективното преговарање и склучувањето колективни договори на гранско ниво и на ниво на работодавач, како и формирање на локално економско социјални совети.