ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ПО ПОВОД НОВИOТ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА.

Печати

 

5.10.2014

Слика 1: Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на денешната прес- конференција во  Министерството за труд и социјална политикаСлика 1: Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на денешната прес- конференција во Министерството за труд и социјална политика


- СЕ ЗАЈАКНУВА УЛОГАТА НА СИНДИКАТИТЕ ВО ЗАШТИТАТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА И НИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ -

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров на 5.10.2014 година, одржаа заедничка прес конференција во просториите на Министерството за труд и социјална политика, на која информираа за Законот за изменување и дополнување на законот за безбедност и здравје при работа.

Претседателот Митревски го посочи постоењето на позитивен социјален дијалог и прифаќањето на предлози од социјалните партнери, што е поткрепено со фактот дека во овој предлог на Закон во контекст на заштитата на работниците се зголемува улогата на синдикатите во два чувствителни сегменти и тоа: синдикатот ќе води поголема грижа во зголемување на работничките права, односно се зајакнува влијанието и позитивната контрола на синдикатот во заштитата и доследно почитување на работничките права.

Новите измени го предвидуваат следново:

Претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат ќе ги имаат следните права:

    Работодавачот мора на претставникот да му овозможи непречено вршење на неговата функција, преку обезбедување на соодветно време и потребни средства без намалување на платата, при што не смее да го стават во неповолна состојба поради неговите активности.

Во рамки на овие измени на  Законот,  а на предлог на бизнис заедницата кој беше прифатен од Економско-социјалниот совет се дефинира постапката за заштита на студентите при практична работа односно се создава систем за нивна безбедна пракса.

Со следниве предлог мерки, се дефинира заштитата на студенти за време на практична работа во рудници во рамки на образовната програма.

Работодавачот е должен пред започнување со практична работа студентите во рудниците да ги запознае со мерките за здравје и безбедност при работа. Извршувањето на практичната работа во рудниците може да започне само по претходно одобрение од одговорното лице кај работодавачот за завршена обука на учениците и студентите.

Работодавачот е должен на студентите да им обезбеди лична заштитна опрема и да ги обучи за користење на истата. За време на практичната работа работодавачот и организаторот на практичната работа назначуваат одговорни лица кои ќе присуствуваат за време на изведувањето на практичната работа.

Работодавачот во соработка со организаторот на практичната работа треба да изготват план за работните места кои се безбедни за извршување на практичната работа за учениците и студентите.

Предлогот за измените на Законот за БЗР се направени на предлог на Сојузот на синдикатите на Македонија, а беше прифатен од Економско-социјалниот совет.