ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО ПРЕХРАМБЕНАТА ИНДУСТРИЈА И РАБОТНИТЕ ПОСЕТИ НА ССМ ПРОДОЛЖУВААТ

Печати

 30.9.2014

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, претседателот на Синдикатот од АГРО индустрискиот комплекс, Живко Даневски и секретарот на Советот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, имаа работна посета во претпријатието „МИК“ Свети Николе.

30.09.2014-foto1Слика 1. Претседателот д-р Митревски на работната посета во „МИК“ – Свети Николе

Во разговорите одржани во претпријатието со директорот Влатко Ѓоргиевски и претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, беше разговарано за продолжување на преговорите за потпишување на Колективниот договор за прехранбена индустрија, како и за реактивирање на синдикалното организирање и потпишување на Колективен договор на ниво на претпријатие.
Присутните беа запознаени и со активностите кои се реализираат во самото претпријатие во кое се вработени 400 работници.