18-ТА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАРМАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА РМ

Печати

 26-28.9.2014

Од 26 до 28 септември 2014 г. во Охрид, се одржа 18-тата по ред Синдикална школа на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.

26-28.09.2014-foto1Слика 1. Присутните на 18-тата Синдикална школа на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

Школата ја отвори претседателот на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, д-р Љубиша Каранфиловски, а свое обраќање имаше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.
Во своето обраќање претседателот д-р Митревски направи ретроспектива на активностите на ССМ во претходниот период потенцирајќи ја успешноста на кампањата на Први мај во врска со Измените и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа. Исто така, тој ги потенцираше и Измените на Законот за работни односи во делот на пензискиот систем, укажувајќи дека Синдикатот остана доследен на своите ветувања по однос на зголемувањето на границата на пензискиот стаж со оглед на доброволниот карактер.   

26-28.09.2014-foto2Слика 2. Обраќање на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски

Реализацијата на едукативниот концепт е од исклучително значење на синдикатите и на ССМ, што Синдикатот за здравство традиционално го исполнува 18-ти пат по ред.
По однос на темата за положбата на вработените во контекст на Законот за вработените во јавениот сектор и Законот за административни службеници, претседателот, д-р Митревски, укажа на активностите на синдикатите од јавен сектор и ССМ, во видоизменувањето на концептот во овие закони, внесувањето на повеќе работнички права, зајакнувањето на системот на колективни договори за овие вработени, како и партиципацијата на Синдикатот во оценувањето и дисциплинската комисија.