РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА НА Р. МАКЕДОНИЈА- СШДЕ ВО СРБИЈА

Печати

18.09.2014

Претседателот на Синдикатот на шумарство дрвна индустрија и енергетика на Р. Македонија- СШДЕ, воедно и претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, на 18.9.2014 година имаше координативна работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат за шумарство и преработка на дрво на Србија, Радомир Стевиќ.

18.09.2014-foto1Слика 1. Претседателот Митревски со претседателот на Самостојниот синдикат за шумарство и преработка на дрво на Србија, Радомир Стевиќ

На работната средба беше разговарано за состојбата со шумарството и дрвната индустрија во Македонија и Србија и во јавните претпријатија „Србија Шуме“ и Македонски Шуми“. Исто така на средбата беше разговарано и за искуствата од синдикално организирање во овие две гранки, колективното договарање и членување на овие гранки во Меѓународната организација на работниците од градежништвото и шумарството- BWI.

При тоа заеднички беа разгледани и темите поврзани со одржувањето на Европскиот комитет на Меѓународната организација на работниците од градежништвото и шумарството- BWI.

Во еднодневната средба претседателот Митревски имаше средба и прием во ЈП „Србија Шуми“, каде беше разговарано со дел од менаџментот на оваа претпријатие и со претседателот на Синдикалната организација Перо Нечак.

18.09.2014-foto2Слика 2. Претседателот Митревски со претседателот на Синдикалната организација Перо Нечак

Во Сојузот на самостојните синдикати на Србија, претседателот имаше работен состанок и со секретарот на СССС, Зоран Михајловиќ, при што беше разговарано за активностите на сојузите околу работното законодавство, пензиските системи како и потребата од размена на искуства по однос на овие прашања.

На оваа средба посебно беше актуелизирана потребата од развој на социјалниот дијалог, а во овој контекст беа договорени заеднички активности околу проектот за развој на социјалниот дијалог во државите од југоисточна Европа- ЈИЕ.