ПОТПИШУВАЊЕ НА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШУМАРСТВО- РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ СО BWI-

Печати

03.09.2014

03.09.2014-foto1Слика 1. Претседателство на СШДИ,претседатели на синдикални организации,претставници на младите и жените и менаџерскиот тим на ЈП „Македонски шуми“

На ден 3.9.2014 година, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија потпишани се Измените и дополнувањата на Колективниот договор на вработените во шумарството, односно за работниците во ЈП за стопанисување со шуми („Македонски шуми“ П.О. Скопје).
Пред членовите на Претседателството на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДИ), претседателите на синдикалните организации, претставници на младите и жените и пред дел од менаџерскиот тим, претседателот на СШДИ д-р Живко Митревски со претседателот на Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“ Горан Анастасовски и генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор. Истовремено, беше утврден и пречистениот текст и продолжено дејството на Колективниот договор за наредните 2 години.

03.09.2014-foto2Слика 2.Потпишување на КД со менаџментот на ЈП „Македонски шуми“

Во Колективниот договор извршени се усогласувања со Измени и дополнувања на ЗРО и со други закони, утврдена е најниската плата и воведени се повеќе нови глави и институти што претставува новина во Колективниот договор.
Во оваа смисла внесена е и нова глава посветена на информирање и консултирање, во која се предвидува и разработува начинот и постапката за информирање и консултирање и воведување на претставникот на синдикатот за информирање и консултирање.
Една нова глава е посветена на забрана за психичко вознемирување (МОБИНГ)  во која се операционализира дел од новодонесениот Законот за заштита од вознемирување на работно место како и допрецизирани се повеќе одредби поврзани со надоместоците, додатоците и теренскиот додаток.

03.09.2014-foto3Слика 3 и 4. Успешно потпишан КД

Потпишувањето на Колективниот договор беше поврзано и реализиран  во рамките на Проектот кој се спроведува со BWI посветен на подигнување на вештините посебно на жените и младите, околу грижата за безбедност и здравје при работа и за колективно договарање.
СШДИ и со потпишувањето на овој Колективен договор покажа, а во смисла на имплементација на Проектот дека ваквите обуки носат резултати и се неопходно потребни за спроведување на преговарачкиот процес, колективното договарање и безбедност и заштита при работа.