ДОДЕЛЕНО ВИСОКО ПРИЗНАНИЕ НА ССМ ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Печати

31.07.2014

31.07.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски  на денешната манифестацијата

Денес на 31.07.2014 година, во просториите на Клубот на пратеници, Скопје, беа доделени Сертификати- признанија на обучени кадри за недискриминација на вработените во државна и јавна администрација, судии, судска администрација, социјални партнери и граѓански организации.

Доделувањето на признанијата е во рамките на проектот „Поддршка на процесот на спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација- јакнење на капацитетите на јавната и државна администрација за спроведување на стратегија за еднаквост и недискриминација по однос на етичка припадност, возраст, лица со ментална и телесна попреченост и пол 2012-2015 година“ финансиран од Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а реализиран од страна на Британскиот Совет во Македонија и Министерството за труд и социјална политика.

Сертификати беа доделени од страна на Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и амбасадорот на Обединетото кралство Велика Британија и Северна Ирска, неговата екселенција Чарлс Гарет.

31.07.2014-foto2Слика 2: Доделување на сертификатот за ССМ на Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски

Сертификатот доделен на Сојузот на синдикатите на Македонија го прими претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

Ова е уште еден доказ дека ССМ посветено работи на прашањата поврзани со човековите права и слободи, како и на прашањето за еднаквите можности на сите граѓани, работници, со особен фокус на заштитата од секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација во секаков облик.