РАБОТНОТО ЛЕТО ВО ССМ ПРОДОЛЖУВА РАБОТНА ПОСЕТА НА СИНДИКАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ВО РЕСЕН И ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН

Печати

18.07.2014

Во рамките на спроведувањето на кампањата за безбедност и здравје при работа-БЗР, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и секретарот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Анѓелко Анѓелковски ја посетија СК Ресен, преспанскиот регион и локалната самоуправа на град Ресен како и фабриката „СТЕЊЕТЕКС“- ДОО Стење, Ресен.

Во рамките на посетата на локалната самоуправа на град Ресен разговараа за реализација на договорот за формирање на ЛЕСС на Ресен и спроведување на активности околу легализација на поранешните одморалишта од регионите Битола и Прилеп во населбата Претор.

Во рамките на кампањата за БЗР и спроведување на Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, беше извршена и посета на фабриката „СТЕЊЕТЕКС“- ДОО Стење, Ресен.

18.07.2014-foto1Слика 1. Претседателот д-р Митревски во погонот на фабриката „СТЕЊЕТЕКС“- ДОО Стење, Ресен.

Директорот Коста Глигоровски во рамките на фабриката има 150 вработени. На средбата беа презентирани последните измени на ОКД за приватен сектор од областа на стопанството како и ОКД за текстил. Овој правен субјект е еден од тие кој посветуваат посебно внимание на остварување на корпоративната општествена одговорност со доследно спроведување на ОКД и мерките за БЗР. Оваа компанија претставува пример за другите слични компании од оваа област.

18.07.2014-foto2Слика 2. Раководствата на ССМ и фабриката „СТЕЊЕТЕКС“- ДОО Стење, Ресен.