РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА МОТ ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

Печати

08.07.2014

08.07.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски со Директорот на МОТ Антонио Грациози и  националниот координатор  на МОТ Емил Крстановски

Во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работна средба помеѓу Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и Антонио Грациози, директор на Меѓународна организација на трудот за Централна и Источна Европа на која присуствуваше и националниот координатор на МОТ во Македонија, Емил Крстановски.

Претседателот Митревски на претставниците од МОТ им ја претстави организациската поставеност на Сојузот на синдикатите на Македонија, активностите на ССМ, репрезентативноста на ССМ како и соработката на ССМ со социјалните партнери. Исто така Претседателот Митревски истакна дека во следниот период Сојузот на синдикатите на Македонија своите активности ќе ги насочи кон започнување на активност за ратификување на нови конвенции и обезбедување на подобра социјално материјална состојба за работниците во Република Македонија.

Претседателот на ССМ д-р Митревски претставниците на МОТ ги запозна и со формирањето на центарот за обука и едукација на ССМ, а за остварување на оваа активност беа договорени и повеќе активности кои ќе бидат спроведени во координација со Меѓународната организација на трудот и националната канцеларија на МОТ во Македонија.

Од страна на Директорот на МОТ, беше потврдена подршката кон активностите кои ги превземаат социјалните партнери во Република Македонија, верификуваниот социјален дијалог кој е еден од успешните примери во регионот, и напорите на синдикатот, Владата и работодавачите за имплементација и ратификација на повеќе меѓународни стандарди на МОТ.