РАБОТНА ПОСЕТА НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ ВО СТРУГА И ОХРИД

Печати

04.07.2014

04.07.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски со секретарот на ССМ и секретарот на РСП Охрид

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски на 4.7.2014 престојуваа во работна посета на синдикалната канцеларија во Струга и регионалното синдикално претставништво во Охрид. Посетата беше наменета во делот на спроведувањето на кампањата за БЗР и во делот на спроведувањето на Колективното договарање во повеќе фирми во овие два града.

Спроведувањето на кампањата за мобилизирање на ново членство е континуирана активност, а во оваа функција беше посетена модната конфекција „Жабет“ во с. Оровник во близина на Струга. Ова приватно претпријатие има вработено 70 работници и е ориентирано кон производство на конфекција. Од страна на претседателот на ССМ беше укажано на потребата од синдикално дејствување и здружување во соодветна организација на работодавачи.
Работна посета беше реализирана и во АД „АМБРОС“, каде претежно се произведува хемиска програма, а има вработено 160 работници. Од страна на менаџментот беше образложена и новата инвестициона програма. На работните состаноците присуствуваше и секретарот на РСП Охрид, Драган Цветановски.

На крајот од работната посета, претседателот д-р Живко Митревски имаше состанок и со претставници од новоформираната синдикална организација во „ЕМО“ Охрид.