ТРЕТО СОБРАНИЕ НА СО НА МАКЕДОНСКА ПОШТА

Печати

20.6.2014

20.06.2014 img1Слика 1: Марјан Вета, претседател на СО Македонска Пошта

Денес, во просториите на Сојузот на синдикати на Македонија се одржа Третото изборно собрание на Синдикалната организација на Македонска Пошта.

На изборното собраниe беа разгледани повеќе акти, меѓу кои и Програмата за работа во следниот период, како и беа презентирани реализираните активности во изминатиот период. На изборното собрание беше избран новиот состав на органите и телата на синдикалната организација на Македонска Пошта, а за претседател на СО беше избран Марјан Вета.

Слика 2. Претседателот Митревски на денешното Трето Собрание на СО Македонска Пошта

На Третото изборно собрание на Синдикалната организација на Македонска Пошта беше присутен и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, кој се обрати пред присутните делегати и гости.