103-ТА СЕДНИЦА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРУДОТ

Печати

12.06.2014

12.06.2014-foto1Слика 1: 103тата седница на Меѓународната конференција на трудот

Во периодот од 28 мај до 12 јуни 2014 година во Женева, се одржа 103тата седница на Меѓународната конференција на трудот. На седницата учествуваа делегации од 185 земји членки на МОТ.

Конференцијата разгледа широк спектар на прашања и проблеми, вклучувајќи ја трудовата миграција, стратегии за вработување, начини за зајакнување на Конвенцијата на МОТ бр. 29 за принудна работа.

Во однос на ова прашање, Меѓународната Конференција го усвои новиот обврзувачки протокол за справување со модерните форми на принудна работа и елиминација на современите форми на ропство. Протоколот за справување со модерните форми на принудна работа, поддржан од страна на Препораката, беше усвоен од страна на делегатите од владите, работодавачите и работниците со 437 гласа за, 27 воздржани и 8 против.

Новиот Протокол е дополнување на постоечката Конвенцијата на МОТ за принудна работа, бр. 29, донесена во 1930 година, за модерно решавање на проблемите, меѓу кои е и трговијата со луѓе. Придружната препорака обезбедува технички насоки за нејзина имплементација.

"Протоколот и Препораката означуваат голем чекор напред во борбата против принудна работа и претставуваат цврста заложба на владите, работодавачите и работниците на организациите да ги елиминираат современите форми на ропство", истакна Гај Рајдер, Генералниот директор на МОТ.

"Принудна работа ги повредува човековите права и достоинството на милиони жени, мажи, девојчиња и момчиња. Таа придонесува за овековечување на сиромаштијата и стои на патот за обезбедување на пристојна работа за сите", додаде тој.

Протоколот ја зајакнува меѓународната правна рамка преку создавање нови обврски за да се спречи принудната работа, да се заштитат жртвите и да се обезбеди пристап до правен лек, како и надомест на материјална и физичка штета.
Од владите исто така беше побарано да се преземат мерки за подобра заштита на работниците, особено работниците мигранти и беше потенцирана улогата на работодавачите и работниците во борбата против принудната работа.
Членовите на комитетот ја истакнаа огромната улога што ја има Конвенцијата за принудна работа, 1930 (бр. 29), како и Конвенцијата за укинување на принудната работа, 1957 (бр. 105), но заклучија дека празнините во нивното спроведување повикуваат на дополнителни мерки.

Трипартитна делегација од Р. Македонија присуствуваше на Генералното собрание во период од 9 до 11.6.2014 година и гласаше по документите кои беа усвоени.
На конференцијата исто така се усвои текстот за Препораките за дополнување на мерките за ефикасно искоренување на принудната работа.


За повеќе информации контактирајте го Одделот за комуникации на МОТ Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или +4122/799-7912.
Меѓународна седница на трудот