ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ССМ И ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЕДУКАЦИЈА И ЗАШТИТА НА СОБИРАЧИ НА СЕКУНДАРЕН ОТПАД – ЕДУКАТИВНА УНИЈА НА РЕЦИКЛАТОРИ СКОПЈЕ (ЗЕУР)

Печати

30.05.2014

30.06.2014-foto1Слика: Претседателот Митревски на потпишување на Меморандумот за соработка

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија во 12 часот се одржа Прес конференција на која што беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу ССМ и Здружението за едукација и заштита на собирачи на секундарен отпад – ЕДУКАТИВНА УНИЈА НА РЕЦИКЛАТОРИ Скопје (ЗЕУР).

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка, Сојузот на синдикатите на Македонија и Здружението за едукација и заштита на собирачи на секундарен отпад – ЕДУКАТИВНА УНИЈА НА РЕЦИКЛАТОРИ Скопје (ЗЕУР), ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на заштита на работничките права на собирачите на секундарен отпад во Р. Македонија.

Со меморандумот двете страни се обврзуваат дека ќе организираат обуки, работилници и семинари со цел поголема заштита на животната средина и поголема безбедност при работа на собирачите на секундарен отпад, како и заштита на работничките права.