СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Печати

06.05.2014

06.05.2014 img1Слика 1: Претседателот Митревски на денешниот состанок

На 6 Мај 2014 година во Сојузот на синдикатите на Македонија претседателот д-р Живко Митревски, одржа работен состанок со претставници на мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија, г-дин Ерик Клип, поранешен амбасадор и советник- Универзитет Утрехт, Холандија и Зоран А. Павловиќ, виш експерт за социо- економски развој на јавен и приватен сектор.

На состанокот се зборуваше генерално за економско социјалната положба на работниците во Р. Македонија како и за состојбата на синдикалното движење.

Претседателот Митревски посебен акцент стави на напорите Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на подобрување на законската регулатива во делот на работничките права.