РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТРЕВСКИ, ВО СИНДИКАЛНАТА ПОДРУЖНИЦА НА ЈП „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ ОХРИД

Печати

 

04.04.2014

На 04.04.2014 година, во Охрид, претседателот Митревски одржа работен состанок на кој вработените во подружницата беа информирани за актуелните состојби од ЈП „Македонски шуми“, за исплатата на теренскиот додаток како и за постапката и начинот на утврдување на висината на бодот во подружниците од ЈП „Македонски шуми“.

На состанокот претседателот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ, д-р Живко Митревски беше информиран од страна на вработените за активностите околу подобрувањето на производството во подружницата, како и активностите на синдикален план.
Состанокот беше одржан во присуство на Марија Новаковска, претседател на синдикалната подружница „Галичица“ – Охрид.