Продолжуваат разговорите помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација по Предлог- Законот за вработените од јавниот сектор и Предлог- Законот за административни службеници

Печати

08.01.2014

08.01.2014-foto1Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и Претседателите на синдикатите од јавниот сектор со Министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа уште една средба на синдикатите од јавниот сектор и Министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски, во врска со одредени забелешки за Предлог- Законот за вработените од јавниот сектор и Предлог- Законот за административни службеници. На средбата покрај Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, присуствуваа Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, г. Тихомир Климовски, Претседателот на синдикатот на здравство, социјална заштита и фармација, г. Љубиша Каранфиловски и Претседателот на синдикатот за одбрана и безбедност, г. Ристо Ајтов.

Од страна на синдикатите беа презентирани одредени забелешки, а беше договорено писмените забелешки испратени од страна на синдикатите да бидат разгледани на следниот состанок што ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација на 10ти јануари (петок) за што Претседателот Митревски најави дека сè до донесувањето за законите, синдикатот и министерството ќе имаат дополнителни средби за разговори и нови предлози за подобрување на содржината на двата закони.

08.01.2014-foto2Прес конференција од денешната средба на Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и Претседателите на синдикатите од јавниот сектор со Министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски

Во рамките на средбата се одржа и прес конференција на која се обрати Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и Министерот за информатичко општество и администрација, г. Иво Ивановски.

„Имаме и предлог забелешки кои се поврзани со поразработената постапка околу оценувањето и казнувањето. Преговорите околу ваквите забелешки ќе продолжат со МИОА со цел да утврдиме предлози на закони кои ќе бидат во функција“ - рече Митревски.

„Со новите закони нема да има урамнување на платите на вработените во администрацијата и во јавниот сектор, за што во последно време имаше многу шпекулации. Ќе се формира Каталог на работни места кој јасно ќе ги стандардизира истите и во јавниот сектор и во администрацијата и тој ќе претставува основа за креирање на сите работни места“ - рече Ивановски.