Средба на синдикатите од јавен сектор во Министерството за информатичко општество и администрација

Печати

03.01.2014

06.01.2014 img1Работна средба - ССМ и претставници на синдикатите од јавен сектор во Министерството за информатичко општество и администрација.

На средбата на која присуствуваа и претседателот на синдикатот на здравство, социјална заштита и фармација Љубиша Каранфиловски и претседателот на СУТКОЗ Зоран Георгиевски, од страна на министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, беа образложени Предлог-Законот за вработените од јавниот сектор и Предлог-Законот за административни службеници. Од страна на синдикатите беа презентирани одредени забелешки а беше и договорено писмени забелешки од страна на синдикатите до Министерството за информатичко општество и администрацијада бидат доставени заклучно со 08.01.2013 година.

На средбата иако поканети не присуствуваа претседателот на УПОЗ Пецо Груевски и синдикатот на СРСВМ Миќо Стојановски.Од страна на синдикатот на СОБ, претседателот Ристо Ајтов, беше добиено известување со кое поради службени обврски предлозите и забелешките по однос на законите ќе бидат доставени по писмен пат.

На средбата општо е константирано дека меѓусебната размена на мислења, предлози и забелешки како и почитувањето на социјалниот дијалог и мислењата на социјалните партнери мора да бидат дел од креирањето на законската регулатива.

Средба на синдикатите од јавен сектор во Министерството за информатичко општество и администрација