СЕМИНАР НА СГИП ЗА ЖЕНИТЕ ЧЛЕНКИ

Печати

3.07.2013

Дел од учесничките на семинаротДел од учесничките на семинаротВо рамките на Кампањата на синдикатите од Југоисточна Европа, кои се членки на Светскиот синдикат за градежништво, шумарство и дрвна индустрија – BWI, "Денес и секогаш-достојна работа за жената", Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП на 29 јуни 2013 година во село Сириќино организираше семинар на тема "Законски прописи за еднаква работа на жените и мажите".

Предавач беше Секретарот на СГИП Благуна Стојкоска, додека на темата "Превентивна заштита на жените од остеопороза" предавач беше проф. д-р. Снежана Марковска од Здружението за заштита од остеопороза на Република Македонија.

Семинарот имаше голема масовност, бидејќи учествуваа вкупно 172 жени, кои дискутираа за спроведување на подобри услови за работа и подобрување на правата од работен однос.

Од посебно значење е што учеството на млади жени е се поголемо, бидејќи на овој семинар имаше над 60 млади учеснички.

Во рамките на семинарот се одржа и рекреативна активност "Вешта жена" преку која жените се покажаа со своите домашни производи и вештини.

Ваквите активности на Секцијата жени при СГИП се од големо значење за СГИП и за самите учеснички. Интересот на жените да се вклучат во синдикатот е голем, а остварувањето на правата од работен однос е речиси еднаков како и мажите. Голем број од жените учеснички на семинарот се докажале како врвни во струката и се одговорни за градење на голем број градежни објекти.

Големиот интерес на членките за ваквиот начин на едукација и информирање е поттик за СГИП да продолжи со овој начин на работа во интерес на подобрување на сoстојбата на работничките во овие дејности и зголемувањето на своите членови.