ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРАЊЕ НА ЕУ ПРОЕКТОТ ЗА ПОЛИТИКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Печати

4.06.2013

На средбата истакната соработката со социјалните партнериНа средбата истакната соработката со социјалните партнериРезултатите од проектот се добри и оттаму се создаде основа за активно дејствување на Владата и Министерството за труд и социјална политика за намалување на невработеноста во Република Македонија.Ова го истакна Хелмут Гинтер, проектен лидер, на официјалното затворање на Проектот на ЕУ “Поддршка на националната политика за вработување“, што денес се одржа во Музејот на макеонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Сојузот на синдикатите на Македонија беше постојан учесник на семинарите и работилниците на ТВИНИНГ проектот, со тоа што некои од средбите беа посветени исклучително на обуката на претставници на синдикатите. Проектот, кој се одвиваше од септември 2011 година до јуни 2013 година, е финансиран од Европската Унија “ИПА Компонента 4 – развој на човечки ресурси“. Проектот го спроведуваа австриската “Агенција за европски интеграции и економски развој“ и “Регионалната агенција за развој Сенец – Пезинок“ од Братислава, Словачка.

Остварени се двете цели, односно компоненти. Првата е “Развивање долгорочна прогноза на пазарот на трудот преку градење капацитети за прогнозирање во Министерството за труд и социјална политика“. Втората компонента е “Развивање систем за мониторинг и евалуација на политиката за вработување“.

Амбасадорот на Австрија Томас Михаел Баер информираше дека Австрија, со стапка на невработеност од 4,7 отсто, има најниска невработеност во Унијата. Со задоволство ќе ги поделиме нашите искуства за да се зголеми мобилноста на пазарот на работна сила, порача амбасадорот Баер.

Околу 80 отсто од сите проекти на Унијата се однесуваат на труд и социјала, бизнис клима, намалување на невработеноста, така што резултатите ќе имаат свој живот и после завршувањето на проектот, информираше амбасадорот на Словачка Роберт Кирнаг.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека значајна придобивка се основите за развивање систем за мониторинг евалуација.

Конечните резултати ги презентираа Валерија Кубалова, постојан Твининг советник, и лидерите на проектот Марек Радвански и Иван Такач. Лидерите исто така потенцираа дека се оставрени целите: градење општ систем за прогнозирање, воведување долгорочно прогнозирање на пазарот на труд, подобрување на капацитетите на МТСП во однос на долгорочното прогнозирање на пазарот на труд, развивање општ систем на мониторинг и евалуација за вработување и  подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните партнери за вршење мониторинг и евалуација на политиката и програмите за вработување.