СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОРМ

Печати

Слика 1. Претседателот д-р Живко Митревски на состанокотСлика 1. Претседателот д-р Живко Митревски на состанокот

Претседателот на ССМ, д-р живко Митревски и претседателот на организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ангел Димитров, како два репрезентативни партнери во приватен сектор, остварија работна средба на којашто разговараа за повеќе теми поврзани со социјалниот дијалог, актуелната политичка криза и проблемите.

Претседателите на двете организации разговараа за натамошна заедничка соработка за развој на социјалниот дијалог, подобрување на состојбата на колективното преговарање на ниво на работодавач, активно вклучување во борбата за обезбедување на подобри услови за безбедност и здравје при работа и имплементирање на измените и дополнувањата за Законот за безбедност и  здравје при работа.

Истовремено беше разговарано за спроведување на заедничките активности во спроведување на проектот на меѓународната организација на трудот (МОТ) „Зајакнување на социјалниот дијалог“, како и за утврдување на платформа за идно заедничко дејствување во повеќе проекти.