ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС

Печати

 

1ви мај Меѓународен ден на трудот 2016 година

1maj 2016
 
1ви Мај – Меѓународниот ден на трудот е ден кога ја славиме историската борба на работниците за подобри работнички права, посигурни работни места, подобра и посигурна социјална и економска положба на нив и нивните семејства.

Денес синдикатите се исправени пред силни предизвици наметнати од неолибералните политики од сеуште присутната економска криза, а во Република Македонија дополнително исправени и пред сериозната политичка криза.

Во овој контекст синдикалната борба станува еден од најзначајните фактори во мобилизирањето на сите синдикални сили врз основа на принципот на единство, солидарност и доверба да ги остварат социјалните и економските права на работниците, да ги унапредат работничките права, да ја елиминираат нееднаквоста, да го збогатат социјалниот дијалог, да остварат вклученост на синдикатите во креирањето на социјално економските политики и генерално да обезбедат сигурни работни места и спроведување на индустриска демократија.

Сојузот на синдикатите на Македонија и во текот на оваа година ќе бара и понатаму вклучување во сите процеси кои водат кон унапредување на Социјалниот дијалог, повеќе и подобри работни места и спроведување на индустриска демократија, унапредување на информирањето и конслутирањето, учество во економското управување, унапредување на процесот на колективно преговарање и договарање, обезбедување на услови за здрави и безбедни работни места, сигурни и зголемни плати, економска и родова еднаквост и обезбедување на збогатени социјални права и стандарди за сите работници.

ССМ оваа година ќе ја спроведува и кампањата за Организирање и мобилизирање на ново членство и зачленување во синдикатите на неорганизираните работници и давање на институционална можност за остварување на колективна заштита и обезбедување на Социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права.

ССМ и во тек на оваа година ќе бара од сите социјални партнери збогатување на социјалниот дијалог, унапредување на колективното преговарање преку зајакнување на институционалната рамка во Законот за работните односи и потпишување и имплементирање на протокол за социјален напредок.

Истовремено бараме од надлежните политички субјекти итно решавање на политичката криза и остварување на услови за нормален развој на држаавта и реализација на Евро интегративните процеси на Република Македонија.

Имајќи ја во предвид актуелната состојба и стратешките планови за кампањско работење, а имајќи го во предвид и прославувањето на еден од најголемите христијански празници Воскресение Христово Велигден, Сојузот на синдикатите на Македонија 1ви Мај – меѓународниот ден на трудот ќе го прослави со отпочнуавње на кампања „ОРГАНИЗИРАЊЕ И МОБИЛИЗИРАЊЕ НА НОВО ЧЛЕНСТВО„  која ќе  се реализира во текот на целата година.

ССМ во името на историската традиција и борба за обезбедување на социјална правда и индустриска демократија повикувајќи се на потребата од се поголема социјална инклузија, еднаквост , рамноправност, политичка, етничка, верска и национална толеранција, економски раст, развој на работничките права на сите работници и граѓани на Република Македонија им го честита 1ви Мај – Меѓународниот ден на трудот.