ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ГРАНКА

Печати

3.3.2016

03-03-2016-img1Слика 1. Раководството на потпишување на колективниот договор

Независниот синдикат на вработени во енергетскиот сектор на Македонија и Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија, вчера потпишаа нов Колективен договор со кој се регулираат правата и обврските на социјалните партнери од оваа област. Целата на овој Колективен договор е примена на меѓународните стандарди на трудот, изедначување на работните услови на ниво на енергетскиот сектор и креирање рамка на права на вработените со овозможување на фер конкуренција меѓу работодавачите, сигурност на работните места и работните услови во секторот и унапредување на социјалните права и здравата работна средина.

Двете страни се задоволни од условите во новиот Колективен договор и ќе продолжат со заеднички сили да работат на одржување на здрава и продуктивна работна клима во Енергетската гранка во приватниот сектор во Македонија.

„Овој Колективен договор овозможува стабилност за нашите вработени во идниот период, во кој продолжуваме континуирано да го подобруваме квалитетот на услугите и напредуваме кон највисоко ниво на квалитет на услуги“ изјави г. Штефан Петер, претседател на Здружението за Енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија.

Претседателот на Независниот синдикат на вработени во енергетскиот сектор, г. Роберт Симоноски изјави: „Потпишувањето и продолжувањето на важноста на Колективниот договор за енергетика претставува чин на унапредување на работничките права, акт во кој се верификувани, надградени и подобрени работничките права во реалниот приватен сектор во дејноста на  енергетиката во Р. Македонија.  Со колективниот договор утврдено е право на регрес за годишен одмор, надоместоци на плати, унапредени и имплементирани се мерки по европски терк за заштита и безбедност на работниците и многу други поволности кои со потпишување на Колективниот договор за енергетика сите  работниците од енергетиката ќе се стекнат со полно право да ги користат.

Според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров посебно треба да се истакне дека со отворен и реален социјален дијалог, користејќи ги искуствата на работодавачите со странски капитал, може да се постигне целта - унапредување и заштита на работничките права и потпишување на колективни договори на национално ниво на ниво на гранки т.е. дејности но и на ниво на работодавач.

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е претставник на организациите на вработените од приватниот сектор и се состои од повеќе од 15 индустриски гранки, застапувајќи околу 70 000 вработени во 1012 компании во приватниот сектор во Републиката.