ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ СОСТАНОЦИ ПО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ ЗА БЗР - ВЕЛЕС -

Печати

23.2.2016

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес-конференцијатаСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес-конференцијата

На ден 23.2.2016 год. во Велес, Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, одржаа прес-конференција и работен состанок со социјалните партнери, граѓански организации, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители од регионот во состав на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”.

Пред почетокот на состанокот се одржа прес- конференција на која своја изјава даде претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

„Изминатите неколку години значително се подобрени мерките за безбедност и здравје при работа, намален е бројот на повреди при работа кај работници и расте свеста кај работодавачите за обезбедување на услови за безбедност на работното место“, изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски вели дека.

„За македонските работници посебно од 2010 година со постојаните промени кои ги правиме во Законот за безбедност и здравје при работа можам да кажам дека се подобрува таа клима и се подобрува свесноста. И самиот факт што се намалува бројот на повредите правејќи споредба со претходните години и намалувањето на смртните последици доволно зборува дека свесноста од потребата за безбедност и здравје при работа е се поголема. И казните кои што исто така се присутни и санкционата политика која ја водиме за неспроведување на мерките сме сигурни дека ќе делува превентивно и понатаму да се подобрува состојбата„ - изјави Претседател на ССМ, д-р Живко Митревски.

„Во делот на спроведување на еден проевропски тип на синдикализам обезбедивме и нашиот претседател на синдикалната организација да може да врши анализа и контрола на работните места најмалку два пати годишно. Доколку утврди дека хе постојат услови за безбедност може дури и да го запре процесот а производство.

Со најновите измени исто така се обезбедува, секој записник кој го прави трудовиот инспекторат за безбедност и здравје при работа да не може да биде затворен доколку претходно не биде информиран или потпишан и од страна на претседателот на синдикалната организација" – изјави претседателот Митревски.

Слика 2. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на отворање на настанотСлика 2. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на отворање на настанот

Состанокот го отвори претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски кој укажа на значењето на законот за БЗР и потребата од обуки, збогатување на капацитетите на претседателите на синдикални организации и претставниците за БЗР за обезбедување на здрави и безбедни услови при работа на работните места и значењето на зајакнување на партнерството помеѓу граѓанките организации и државните институции кое во голема мерка влијае во делот на остварување на безбедна и здрава работна средина.
За целите на проектот, активности и презентација на законот за БЗР со осврт на улогата на синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР свое излагање имаше проект менаџерот, Весна Ристовска.

Презентирање на резултатите од истражувањето и анализата на прашалниците за улогата на синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР на локално ниво, проблеми и предизвици, имаше секретарот на регионалното синдикално  претставништво (РСП) на ССМ во Велес, Себаедин Шаќиров и Јанка Јованова координатор на регионална синдикална канцеларија (РСК) на ССМ во Свети Николе.

Во дискусијата учествуваа сите учесници меѓу кои и Љубица Јаневска, претставник од „Ронтис“, претпријатие за медицински помагла, која ги запозна присутните со искуствата од БЗР во нејзиното претпријатие како добар пример за почитување на законските одредби за БЗР.

Слика 3. Учесниците на настанотСлика 3. Учесниците на настанот

На крај од состанокот беа презентирани заклучоците од кои произлезе дека врз основа на спроведените истражувања и анализи на локално ниво може да се заклучи дека во компаниите каде има формирано синдикална организација, дека на претставникот за БЗР му е овозможено непречено извршување на неговата функција од страна на неговиот работодавач како и дека вработените се запознаени со основните принципи и одредби содржани во законот за БЗР. Во однос на изјавата за безбедност и проценката за ризик мерките од законот за БЗР ги има во претпријатијата во стопанството каде всушност и беа направени поголемиот број на анализи и истите доследно се почитуваат.

Со овие заклучоци уште еднаш се потврдува ставот дека колективната заштита и преку членување во синдикат, претставува најдобар облик на дејствување и заштита на сите работнички права вклучително правото за работа во безбедна и здрава работна средина.