РАБОТНА ПОСЕТА ВО СВ. НИКОЛЕ

Печати

9.6.2015

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски и координаторот на канцеларијата/секретар на синдикалната канцеларија во Св. Николе, Јанка ЈовановаСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски и координаторот на канцеларијата/секретар на синдикалната канцеларија во Св. Николе, Јанка Јованова

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, на 9.6.2015 година остварија работна посета во синдикалната канцеларија во Св. Николе, каде што со координаторот на канцеларијата, Јанка Јованова разговараа за состојбата околу синдикалното организирање и активностите на синдикалните организации членови во гранските синдикати на ССМ како и по повеќе актуелни прашања кои се спроведуваат во рамките на програмата на ССМ.

Посебен акцент беше ставен на организирање и мобилизирање на нови членови и за актуелната состојба во АД „МОДА“ – Св. Николе.