ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Печати

11.2.2015

11-02-2015 img1Слика 1. Прес конференција по повод потпишување на меморандумот за соработка меѓу ССМ и КЗД

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД).

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски со претседателот на КЗД, Душко Миновски на денешната прес конференцијаСлика 2. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски со претседателот на КЗД, Душко Миновски на денешната прес конференција

На прес конференцијата, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на КЗД, г. Душко Миновски јасно и недвосмислено ја искажаа потребата од взаемна соработка и потпишување на овој меморандум чија цел е дефинирање на полето и обемот на соработка помеѓу ССМ и КЗД во насока на спречување и заштита од дискриминација, како и промоција и афирмација на концептите на еднаквост, толеранција и недискриминација.

Исто така, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски ги потенцира активностите на ССМ и КЗД кои ќе се фокусираат на организирање континуирани обуки за своите целни групи, работни средби и јавни настапи, а ќе имаат за цел спречување и заштита од дискриминација, промоција и афирмација на концептите на еднаквост, толеранција и недискриминација, како и подигнување на јавната свест за истите. КЗД ќе прибира статистички и други видови на податоци, ќе формира бази за истите, ќе спроведува студии и истражувања, ќе доставува препораки за конкретни случаи на дискриминација и ќе бара мислења од ССМ за одредени претставки, како и ќе спроведува други активности од интерес на двете институции, истакна претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

11-02-2015 img3Слика 3. Потпишан меморандумот за соработка меѓу ССМ и КЗД