РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ССЕСМ И ССМ СО ВРАБОТЕНИТЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТИ ОД ЕВН

Печати

 

5.2.2015

Слика 1. Претседателите на ССЕСМ и ССМ на средбата со вработените на теренСлика 1. Претседателите на ССЕСМ и ССМ на средбата со вработените на терен

На ден 5.2.2015 година, претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ), Роберт Симоновски, заедно со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски извршија работна посета на вработените за отстранување на дефекти од ЕВН Македонија АД Скопје, со цел подетално да се запознаат со условите за работа и начинот на отстранувањето на дефектите на електричната енергија кој настанаа како резултат на лошите временски услови.

Во атерот на терените кај Слатинска Планина, беше остварена работна средба на терен, на која што претседателите ја изразија својата поддршка и благодарност на вработените за несебичното залагање и работа во тешки услови, со цел да се овозможи континуирано и непрекинато снабдување со електрична енергија на граѓаните на Р. Македонија.