14-ТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ

Печати

 

25.12.2014

Слика 1. Присутните на седницатаСлика 1. Присутните на седницата

Сојузот на синдикатите на Македонија на 25.12.2014 година, во Охрид, ја одржа Четиринаесетта седница на Советот на ССМ.

На оваа седница, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, ги информираше присутните членови за правната заштита за период од јануари до септември 2014 година, беше утврдена програмата за донесување на акти за одржување на 19-тиот Конгрес на ССМ, кој ќе се реализира наредната година и  беше донесе одлука за Измена и дополна на Статутот на ССМ со која што  Претседателите на Секцијата на жени и Секцијата на млади по функција стануваат членови во Советот на ССМ.