ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ОДНОС НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ХОНОРАРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Печати

16.12.2014

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес- конференција по однос на  законските измени за хонорарните работници. На прес- конференцијата свое обраќање имаше претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.

На прес- конференцијата Сојузот на синдикатите на Македонија ги подржаа законските измени кои се однесуваат на плаќањето придонеси за хонорарните работници.

-  „Ставот на ССМ е јасен и беше кажан пред еден месец, истовремено и на состанокот на ЕСС, каде што сите социјални партнери ги поддржаа измените. За нас како синдикат значајно е овие работници да бидат внесени во системот на социјални осигуреници – за секој труд да биде валоризиран и да биде платен и со пензиско и со здравствено осигурување. Со донесувањето на овој закон ќе се елиминира големата нелојална конкуренција и ќе се елиминира еден голем дел на работници кои работеа во сива економија и не можеа да бидат заштитени. Според анализите голем дел од вработените во приватниот сектор работат а и се вработени со минимална плата, кај останатите беа правени злоупотреби односно еден дел беа ставени како хонорарци и беа елиминирани од сите работнички права“, изјави претседателот, д-р Живко Митрески.