СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ОД УСАИД МРЕЖА „YES“ - ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ЛЕСС -

Печати

26.8.2014

07.08.2014 img1Слика 1. Претседателот д-р Митревски со д-р Мајкл Тетелман, главен меѓународен технички советник во Центарот за развој и едукација (EDC)

На ден 26.8.2014 година во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија,  претседателот д-р Живко Митревски, имаше средба со директорот на проектот „YES“ од организацијата УСАИД од Вашингтон, д-р Мајкл Тетелман, главен меѓународен технички советник во Центарот за развој и едукација (EDC).

Целта на овој состанок беше да се разгледаат идеи и да се дадат предлози од страна на ССМ за активности со кои ќе се зајакне работата на Локални економско-социјални совети.

Претседателот Митревски, најнапред даде осврт на досегашната состојба и истакна дека:

- ССМ како репрезентативна организација на работниците во Република Македонија е определен да дејствува за унапредување и практикување на социјалниот дијалог во интерес на развојот на демократските односи и економските и социјалните права и интереси на работниците и нивната вкупна положба во општеството. За ССМ, институционализиран, рамноправен и ефикасен социјален дијалог има значајна улога и е клучен фактор во стабилизирањето на социјалните односи и постигнување на подобри економски и развојни ефекти. Тоа е најдобриот пат за стекнување меѓусебна доверба, почитување и толеранција на социјалните партнери и постигнување на социјален консензус, хармонизација на општествените и економски процеси, развој на демократските односи, постигнување на стратешките планирања и стабилизација на општиот развој на секое општество.

На иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија и покренатата Кампања во 2013 година на Манифестацијата за одбележувањето на Први мај – Меѓународниот ден на трудот, во Република Македонија започна интензивно да се одвива процес за развивање на социјалниот дијалог на локално ниво и формирање на локални економско-социјални совети.  Ова е потврда за потребата од институционализирање на социјалниот дијалог, особено значаен за локалните заедници во делот на креирањето на социјалните и економските политики кои ќе нудат подобра перспектива за сите.

Економско-социјалните совети остварувајќи ја својата советодавна и консултативна функција и со постигнување консензус со социјалните партнери придонесуваат за усогласување на потребите на трудот и локалната заедница, а со тоа отворање нови работни места, намалување на бројот на невработените и зголемување на вработувањата, посебно кај младата популација. Ние како ССМ сме уверени дека локалните економско-социјални совети во многу ќе ги подобрат состојбите за идентификување на потребите на пазарот на трудот меѓу приватниот и јавниот сектор; утврдување и правење соодветни анализи на меѓузависноста на образовниот систем и пазарот на трудот, потребата од доквалификација и преквалификација на работниците кои останале без работа; и воопшто подобрување на животниот стандард на работниците и граѓаните на Република Македонија.   

До првата половина на 2014 година во Република Македонија се формирани 9 локални економско-социјални совети и е остварен договор со градоначалниците на општините Велес и Ресен за формирање на вакви совети и во овие градови.

Потпишани спогодби за формирање на локални економско-социјални совети во Република Македонија и членови на ЛЕСС од ССМ: Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Битола, Скопје и Гази Баба.

 

Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС СтрумицаПотпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС Струмица Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС БитолаПотпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС Битола

Потпишување на Спогодбата за Формирање на ЛЕСС ГостиварПотпишување на Спогодбата за Формирање на ЛЕСС Гостивар Потпишување на Спогодбата за Формирање на ЛЕСС Гази БабаПотпишување на Спогодбата за Формирање на ЛЕСС Гази Баба

Потпишување на Спогодбата За формирање на ЛЕСС СкопјеПотпишување на Спогодбата За формирање на ЛЕСС Скопје

 

Претседателот Митревски, во однос идните предизвици како и потешкотиите кој се јавуваат при функционирањето на ЛЕСС, истакна дека повеќе треба да се работи на:

  1. Потенцирање на значењето на улогата на градоначалниците за давањето на поддршка за иницијативите покренати од ЛЕСС- овите;
  2. Едукација на градоначалниците за значењето и потребата од формирање и функционирање на  ЛЕСС- овите;
  3. Правење на анализи за усогласување на потребите на пазарот на трудот со образованието;
  4. Состанок на социјалните партнери од сите општини каде има формирано ЛЕСС- ови најмалку 2 пати годишно, со цел евалуација на сработеното и размена на искуства со тоа сите ќе бидат поактивни;
  5. Сите учесници да пополнуваат одредени прашалници и анкети, со што процесот ќе се направи пораздвижен и ќе се допринесе за да се согледаат потребите на ЛЕСС- овите за нивно подобро функционирање.
  6. Да се даде поголемо значење на медиумската покриеност за време на одржувањето на седниците на Советот на ЛЕСС
  7. Поголема соработка со Агенцијата за вработување - АВРМ и др.

Директорот на проектот „YES“ од организацијата УСАИД од Вашингтон, д-р Мајкл Тетелман истакна дека невладината организација „УСАИД“ партиципира во основањето на локалните економско-социјални совети во Република Македонија со проектот: „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа „YES“), со третата компонента „Јавно- приватен дијалог“.  Целта е проширување на образованието на младите, со опфаќање и на други делови од населението, вклучувајќи ги и работниците. Идејата е локалните ЕСС да претставуваат форум за размена на мислења и покренување иницијативи од интерес за локалната заедница и предложи да се отвори конкурс за конвектирање за да се натераат општините да се натпреваруваа во однос на достигнувањата со што ќе се зголеми и мотивираноста за работа во ЛЕСС- овите.

На крајот на состанокот беше донесен заклучок да се направи уште една конференција на која ќе бидат поканети повеќе градоначалници од општини во кој сеуште нема формирано ЛЕСС- ови и тие да се запознаат со потребата, значењето и достигнувањата во општините каде што ЛЕСС функционираат.