Одделенија - стручна служба

Печати

Во рамките на Стручната служба на ССМ постојат три одделенија: Одделение за економско – социјални прашања, развој и образование, Одделение за работни односи и правна заштита и Одделение за општи работи.
Слободан Трендафилов
Раководител на одделенијата е Слободан Трендафилов.

Раководителот на одделенијата ја организира и ја координира работата на одделенијата, соработува со синдикатите и учествува во работењето на одделенијата, дава предлози и мислења во работењето на одделенијата, учествува на конференции, работилници и други работни средби и врши други работни задачи.

Лидија Насковска, советник на претседателот за проекти и ЕУ интеграции
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
тел.: 02/3114-274



ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ ПРАШАЊА, РАЗВОЈ И ОБРАЗОВАНИЕ

Љубица Дековска, самостоен стручен соработник за економско – социјални прашања

Инда Савиќ, самостоен стручен соработник за развој

Одделението за економско – социјални прашања, развој и образование ги следи состојбите во социо - економската сфера, материјално – социјалната положба на работниците, ги проучува макро и микро економските проекти на Владата на РМ, го следи спроведувањето на социјалната политика, учествува во донесувањето и спроведувањето на политиките за вработување, ги следи состојбите со платите и надоместоците, иницира прашања за Економско – социјалниот совет, дава мислења и предлози за имплементирањето на регулативите на ЕУ у друго. Во областа на организацискиот развој Одделението го следи остварувањето на загарантираните синдикални права, предлага начини за користење средства за синдикална борба, ги следи и ги проучува позитивните искуства од европското и светското синдикално движење.


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ПРАВНА ЗАШТИТА

Лиле Петрова, самостоен стручен соработник за работни односи

Даница Михајлова, самостоен стручен соработник за правна заштита

Одделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање ги следи законските прописи од областа на работно – правната и социјалната положба на работниците, ги проучува законите и дава предлози и мислења за истите, поднесува иницијативи за донесување закони. Во областа на правната заштита овозможува правна заштита на членовите на синдикатот од областа на работните односи, дава насоки и предлози за заштитата на правата на работниците, учествува во изготвувањето, потпишувањето, следењето и примената на колективните договори, го следи остварувањето на колективните договори.


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ


Одделението за општи работи учествува во секојдневните активности на ССМ, го организира информирањето во Сојузот на синдикатите, го информира членството и јавноста за активностите на ССМ, организира прес – конференции, брифинзи и средби со новинари, го уредува интернет порталот на ССМ, подготвува информации за ССМ меѓу две седници на Советот и други работни обврски поврзани со информирањето.

Благојче Крстевски, стручен соработник за информирање