Европски економски и социјален комитет

Печати

Европски економски и социјален комитетЕвропскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е советодавен орган на Европската Унија, кој ги вклучува претставниците на различните интересни групи во цивилното општество. ЕЕСК со своите студии, препораки и совети ја помага работата на Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

Во Унијата е забележано дека на континентот се чувствува “демократски дефицит. ЕЕСК претставува институција од неспоредливо значење за соработката меѓу донесувачите на одлуки во ЕУ и цивилното општество.

ЕЕСК е основан во 1957 година. Со договорот од Рим овој комитет е основан како механизам со кој интересните групи на цивилното општество ќе се вклучат во заедничкиот пазар и ќе се воспостави комуникација меѓу економските и општествените актери и институциите во ЕУ. Комисијата, Советот и Парламентот на ЕУ се должни да го консѕултираат Комитетот при донесувањето одлуки во областа на економската и социјалната политика.

ЕЕСК од своја страна е слободен да дава предлози во врска со сите други прашања по на сопствена иницијатива. ЕЕСК има 317 членови од сите држави во ЕУ, со тоа што бропјот на претставниците од секоја држаа се одредува размерно на бројот на жителите.

Членовите на ЕЕСК г застапуваат интересите на различни сектори на цивилното општеств. Тие во Комитетот се делат на три групи: Работодавачи, Вработени и Разно. Првата група ја сочинуваат претставниците на приватните и јавните претпријатија и институции, малите и средните претпријатија, стопанските здруженија, банките и земјоделството. Во другата група се наоѓаат претставниците на синдикатите, додека третата ја сочинуваат пертставници на различни интереси, од невладините организации, организациите за заштита на животната околина до асоцијациите на потрошувачите и академските установи.

Членовите ги предложуваат националните влади, а ги поставува Советот на ЕУ со мандат од четири години. Секои две години ЕЕСК уизбира Управен одбор, кој има 37 членови.

Комитетот се состанува на пленарна седница, која се одржува еднаш годишно. Во меѓувреме работните групи во Комитетот одржуваат постојана комуникација со економските и социјалните совети на национално ниво, со тоа што прибираат информации и организираат заеднички дискусии.

ЕЕСК разви широка соработка со економските и социјалните здруженија ширум светот. Со овие здруженија секоја втора година организира заеднички состанок од меѓународен карактер.

Комитетот е поделен на шест секции, кои се занимаваат со различни области од економскиот и општествениот живот. Тоа се NAT групата, за земјоделството, руралниот развој и заштитата на животната средина; во групата ECO се економската и монетарната унија и економската и општествената кохезија; во SOC групата се политиката на вработување, социјалните прашања и граѓанските прашања; INT е за заедничкиот пазар, производството и потрошувачкото општеств; TEN е за транспортот, енергијата, инфраструктутрата и информатичкото општество и REX е за надворешни работи.

Во рамките на REX групата постојат делегации за различни региони од интерес за ЕУ, меѓу кои е и контакт – групата за Западен Балкан. Задача на оваа контакт – група е да одржува и да ги развива односите со цивилното општество и со економските и социјалните свети во региониот. Им помага да воспостават односи со институциите на ЕУ и учествуваат во процесите на стабилизација и придружување. Пред неколку години во организација на оваа работна група е одржан прв Форум на цивилното друштво на земјите на Западен Балкан.

Двапати годишно ЕЕСК објавува конкурс за објавување приправнички стаж во траење од пет месеци.

Веб адресата на ЕЕСК е eesc.europa.eu