ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 18.12.2013

18.12.2013-foto14Претседателот д-р Живко Митревски рече дека овие советодавни тела се еден од моделите за полесно справување со последиците од светската економска криза

Денес во просториите на Советот на град Скопје е потпишана Спогодба за основање Локален економско – социјален совет на Град Скопје.

Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и В.Д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Виолетка Спасевска. На настанот учествуваше и Џејмс Стејн, директор на “УСАИД“, организација која преку својот проект “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа YES) активно и логистички го поддржува основањето на локални економско – социјални совети во Република Македонија.

18.12.2013-foto2Потпишувањето на спогодбата

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски рече дека ЛЕСС на Скопје има за крајна цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Сведоци сме дека во последните години се засилува јавно – приватното партнерство, односно соработката меѓу државните институции и локалната самоуправа со приватните стопански претпријатија. Овој вид соработка е еден од правците на кои ќе се заснова и работењето на ЛЕСС, чија посебна цел е наоѓање начини за полесно вработување на младите.

Во своето поздравно обраќање претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека, со оглед на последиците од светската економска криза, формирањето ЛЕСС на град Скопје е успех во остварувањето на заедничките цели на социјалните партнери, како и на организацијата “УСАИД“, која активно партиципира во основањето на ЛЕСС во Република Македонија. Потписниците имаат не само привилегија да учествуваат во работењето на советот, туку и сериозни обврски и одговорност да се исполнуваат зацртаните цели. Наша задача е на ова консултативно тело да му дадеме една институционална тежина и со тоа да влијаеме врз подобрувањето на условите за живот на граѓаните, а посебно на зголемување на вработеноста на младите луѓе.

ССМ на Први мај оваа година ја започна Кампањата за основање локални економско – социјални совети, која се спроведува со интензивно темпо. Со рамноправно учество на сите социјални партнери сакаме да основаме локални совети во сите градови во Република Македонија, објасни претседателот на ССМ.

18.12.2013-foto3Учесниците на средбата изразија уверување дека ЛЕСС ќе придонесе за соодветно учество на младите во пазарот на трудот

Директорот на “УСАИД“ Џејмс Стејн рече дека преку мрежата “YES“ се придонесува за активно основање на ЛЕСС во Република Македонија. Ние знаеме дека во вашата земја невработеноста на младите е на високо ниво и настојуваме да најдеме начини тој проблем да се решава. ЛЕСС се токму еден од начините каде може да се мерат потребите на пазарот на работна сила и вештините со кои располагаат младите луѓе. “УСАИД“ ги охрабрува локалните власти, учесниците на социјалниот дијалог и локалните бизнисмени да наоѓаат начини за решавање на економските и социјалните проблеми на граѓаните и се надеваме дека овие програми ќе придонесат за зголемување на вработеноста.

Ангел Димитров, претседател на ОРМ, нагласи дека формирањето ЛЕСС на Скопје има посебна тежина, затоа што половината на бруто општествениот производ на Македонија се создава во главниот град. Тука се лоцирани најголемите претпријатија и оттаму ние предложивме некои од нив како учесници во работењето на овој форум. ЛЕСС е значајно консултативно тело, кое меѓу останатото е мерило за тоа колку социјалните партнери меѓу себе се почитуваат.

В.Д. претседателот на КСС Виолетка Спасевска рече дека пазарот на трудот во Република Македонија од почетокот на транзицијата доживеа тешки моменти. ЛЕСС се модел на консултирање на социјалните партрнери, кој ќе придонесе за подобрување на усогласувањето на пазрот на трудот, при што треба да се преиспитува и усогласува образовниот процес.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc