РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТРЕВСКИ НА АД “КИРО ДАНДАРО“ ВО БИТОЛА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 17.12.2013

17.12.2013-foto1Посетата на “Киро Дандаро“ – реномираната битолска печатница е позната како претпријатие со висока општествена одговорност

Во рамките на Програмата за посети на претпријатијата и остварување работни средби со членовите на социјалните партнери претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски денес ја посети познатата печатница во Битола АД “Киро Дандаро“.

На денешната средба претседателот Митревски разговараше со претставници на раководството на претпријатието, предводени од директорот г. Драги Милошевски, како и со членовите на синдикалната организација на претпријатието.

Во рамките на посетата претседателот на ССМ беше информиран за активностите во оваа битолско претпријатие, кое е едно од најреномирани субјекти во графичката и печатарската индустрија во Република Македонија. Меѓу најважните активности се најновите инвестиции, кои ќе овозможат дополнителен развој и примена на новите технологии. Во склоп на вложувањата е и изградбата на најновата модерна хала, што впрочем е карактеристика и за останатиот деловен и производен простор.

На средбата се разговараше за практиката на примена на највисоки стандарди во областа мерки за безбедност и здравје на работниците во претпријатието.

АД “Киро Дандаро“ е реномирано претпријатие препознатливо и според високото ниво на општествена одговорност за вработените, примената на колективните договори, редовни исплати на плати, надоместоци и додатоци. Со тоа ова битолско претпријатие претставува пример за развиен социјален дијалог во својата бранша.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc