РАБОТИЛНИЦА ОРГАНИЗИРАНА ОД “ЛУЃЕ ЗА ЛУЃЕ“ - ПРОГРАМАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО СОРАБОТКА СО ЕВРОПСКАТА КОФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 25.11.2013

25.11.2013-foto 1Претседателот д-р Живко Митревски на денешната средба - соработката меѓу синдикатите е важна за надминување на последиците од економската криза

Од 25 до 28 ноември во хотелот „Арка“ во Скопје се одржува Работилницата “Синдикатите од Западен Балкан и ЕУ интеграциите“, на тема “Социјалната политика и системи на социјалното осигурување“. Работилницата е во склоп на Програмата “Луѓе за луѓе“ (People 2 Рeople), на Европската комисија во соработка со Европската конфедерација на синдикати (ETUC).

Воведните информации за проектот ги изнесе Петар Зајденек од Европската конфедерација на синдикатите, кој објасни дека програмата треба да помогне во вмрежувањето на националните, регионалните и партнерите од европско ниво. При отворањето првиот поздравен говор го држеше претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, кој истакна дека проектот е од особена важност за синдикалното движење во регионот. Со прифаќањето на повеќе модули ќе создаваме основа сите синдикати да излезат со заеднички концепт, кој ќе биде основа за справување со предизвиците со кои се соочуваме во регионот.

Соработката не е важна само поради економската криза, туку и во другите делови, како што е приватизацијата, создавањето нови односи во општествено – економскиот и политичкиот систем, процесот на усогласување на законите и стандардите со Европската унија. Во овие делови треба да се одреди и улогата на синдикатите. Проектот дава широки можности преку меѓусебната соработка синдикатите да бидат репер во соочувањето со кризата, како и да се зголемат капацитетите на самите синдикати.

Во контекст на кризата еден од важните предизвици за синдикатите е постигнување социјална сигурност на граѓаните, рече Митревски. Во името на Конфедерацијата на слободни синдикати се обрати в.д. претседателот Виолетка Спасевска, која зборуваше за улогата на синдикатите во пристапувањето на земјите од регионот во Европската Унија.

25.11.2013-foto 2Една од целите на програмата е да се креираат нови партнерства

Цел на Програмата “Р2Р“ да им понуди на организациите на граѓанското општество можност за интеракција и вмрежување на националните, регионалните и партнерите од Европа и да се креираат нови партнерства. Програмата предвидува посети на ЕУ институции преку запознавање на структурите, политиките, програмите и практиките воУнијата.

Денешната работилница е втора од циклусот на четири работилници, што ќе се одржат во 2013 и 2014 година. На овие работилници како цел е поставена формирање на пет работни групи кои ќе бидат насочени кон следните теми:

  • Развој на социјалниот дијалог,
  • Законот за работни односи и работничките права,
  • Законодавството за безбедноста и здравјето при работа,
  • Единствен пазар и економија во ЕУ и слободно движење на работната сила и
  • Борба против корупцијата и добро владеење.

Во текот на циклусот треба да се даде поддршка на синдикалните организации во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово и учество во регионалната “Заедничка синдикална комисија за ЕУ интеграции“, заради усвојување на европските стандарди. Се смета дека програмата на синдикатите ќе им даде можност да учествуваат во процесот на евроинтеграции, како релеваттни партнери на владите и Европската Комисија.

Од Македонија учествуваат Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфередацијата на слободни синдикати, од Србија “ССС“ и УГС “Независност“, “ССБиХ“ од Федерацијата Босна и Херцеговина и “ССРС“ од Република Српска, “БСПК“ од Косово и “ССЦРГ“ и “УССМ“ од Црна Гора.

Денес настапија Борис Фелс од Сојузот на синдикатите на Хрватска, кој ги објасни движењата на хрватската економија од 2005 година до пристапувањето во ЕУ. Темата на Љубица Дековска од ССМ е “Економската состојба во Македонија – проблеми и перспективи“.

Во агендата за 26 ноември се предвидени предавања за економската ситуација во Србија, Црна Гора, Федерацијата БиХ и Република Српска, и Косово, кои ќе ги изложат претставниците на синдикатите од овие земји.

На 27 и 28 ноември ќе се зборува за социјалната политика и системите на социјалното осигурување. Прво ќе се зборува за состојбите во Словенија, за социјалната политика во Македонија ќе зборува Даница Михајловска од ССМ, додека ќе се изнесат состојбите во Црна Гора, БиХ и Република Српска, Србија и Косово. За сите овие теми ќе зборуваат претставниците на синдикатите, додека активни соработници се експерти од Словенија и Хрватска.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc