РАБОТИЛНИЦА ЗА ИНТЕРНОТО СИНДИКАЛНО ИНФОРМИРАЊЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 23.11.2013

23.11.2013-foto1На средбата беше кажано дека интерната комуникација е од суштинско значење за основите на синдикалното движење

На 22 и 23 ноември во Охрид се одржа Работилницата “Интерно синдикално информирање“, на која се зборуваше за значењето и развојните насоки на овој сегмент од вкупната комуникација во ССМ.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски објасни дека интерното информирање е значаен и многу битен дел од вкупното функционирање на организацијата и дека треба да му се придава голема важност. Добрата информираност треба да ги опфати сите чинители на синдикалното движење, од членовите, основните организации, територијалните единици на ССМ, гранските синдикати до самиот Сојуз. Само добро информираниот работник е добар синдикалец, нагласи Митревски, кој додаде ССМ, со цел поефикасно информирање, ги усвојува и ги практикува новите технолошки промени на информатичкото општество.

На работилницата, што се одржа со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, учествуваа претседатели на гранските синдикати здружени во ССМ и територијалната мрежа на ССМ, односно секретарите на регионалните синдикални претставништва и координаторите на синдикалните канцеларии.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc