НАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК НА ЕКСПЕРТИ НА ПРОЕКТОТ “ДАНОЦИ, НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА И КОРУПЦИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 21.11.2013

21.11.2013-foto2Претседателот д-р Живко Митревски истакна дека е добро синдикатите да излезат со генерална стратегија (лево се Дивна Змејковска и Билјана Чкламовска)

Даночните системи, неформалната економија и корупцијата се значајни општествени состојби од кои директно зависи позицијата на работниците. Добро е да се разговара отворено и да изградиме една генерална стратегија во однос на овие прашања, истакна претседателот на ССМ д-р Живко Митревски на денешниот Национален состанок на експерти што се одржа во ССМ.

Состанокот се одржа во склоп на Проектот “Даноци, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“, кој започна во месец март 2013 година и ги опфаќа синдикалните централи на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (Федерација и Република Српска), Хрватска и Косово. Претседателот Митревски истакна дека неформалната економија како негативна општествена појава е се уште доста присутна. Истото се однесува и на корупцијата. Обидите на Владата, и воопшто на владите од регионот, за реформирање на даночниот систем, се значајни за синдикатите, затоа што од таму зависи положбата на работниците и на уредувањето на работните услови.

Стручниот соработник на ССМ за економски прашања Љубица Дековска го презентираше првиот Нацрт – извештај за долгорочна политика во Република Македонија, изготвен од Националниот тим во рамките на проектот. Извештајот беше добра основа за развивање конструктивна дискусија од страна на присутните. Ставовите на Унијата на автономни и независни синдикати (УНАСМ) ги изнесоа Дивна Змејковска и Мимоза Вујошевиќ, додека на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Лидија Стаменковска. На средбата беше присутен координаторот на МОТ за Македонија Емил Крстаноски, додека дискутираа генералните секретари и други претставници на синдикатите здружени во ССМ и претставниците на УНАСМ и КСС.

Во текот на дискусијата претставниците на синдикатите потенцираа дека сите земји во Западниот Балкан ги имаат истите проблеми во однос на корупцијата, неформалната економија и даночната политика. Инаку проектот е започнат во март 2013 година во Софија и ќе трае до октомври 2015 година. Досега се одржани неколку средби, меѓу кои Регионален тренинг за експертите, изработени се информации на национални нивоа, одржан е регионален состанок за економисти и правници, како и за информации, комуникации и кампањи. Според агендата предвидено е одржување на други регионални состаноци, тркалезни маси, изработка на предлози, како и одржување трипартитна регионална конференција. Проектот се одржува со поддршка на Меѓународната кондефедерација на синдикатите (ITUC), односно Паневропскиот комитет ПЕРК, и на Сојузот на синдикати на Норвешка (LO – Landsorganisasjonen i Norge).

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc