СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

06.11.2013

06.11.2013 foto1На 1 ноември 2013 година беше одржана седница на Економско – социјалниот совет

На 1 ноември 2013 година беше одржана седница на Економско – социјалниот совет, договорена меѓу социјалните партнери, а по барање и на ССМ по однос на измените и дополнувањата на Законот за работни односи во врска со застареноста на роковите од отказ од лични причини и измени во однос на можноста за користење на дополнителни три месеци по барање на работничката корисник на породилно отсуство.
На седницата беа разгледувани и барања поднесени од ОРМ, иницирани од неколку претпријатија.

По однос на измените на Законот за работни односи околу застареноста ставот на синдикатите беше дека истиот е предолг и дека не е направено разграничување по однос на застареноста на отказот од лични причини и причини по однос на вина и на тој план треба да се направат корекции по амандмански план.

По однос на другите точки синдикатите го изразија ставот дека за одредени прашања треба да се направи анализа, а други предлози кои значеа отстапка од работното законодавство беа отфрлени.
На состанокот на Економско – социјалниот совет од страна на ССМ беа присутни членовите претседателот д-р Живко Митревски и претседателот на СИЕР Пеце Ристевски

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc