ТРИБИНА ОД ОБЛАСТА НА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

1.11.2013

Предмет на дискусија беше третманот на деловната тајна од аспект на законските одредбиПредмет на дискусија беше третманот на деловната тајна од аспект на законските одредби

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Синдикатот на финансиски дејности на Македонија вчера во ССМ организираше трибина од областа на спречувањето на перење пари. Поконкретно, предмет на дискусија беше третманот на деловната тајна од аспект на законските одредби содржани во Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, Законот за банки и Законот за заштита на личните податоци.

Прашањето на деловната тајна отсекогаш побудувало голем интерес кај научната и стручна јавност. Во ситуација кога финансиските институции се борат за секој клиент и секоја негова пара, третманот на деловната тајна креира многу дилеми и проблеми. Во оваа сфера секоја банка или штедилница мора да биде многу внимателна, инаку многу лесно може да се случи деловната тајна да се претвори во јавна тајна.

Кои дилеми најчесто се јавуваат на полето на чување на деловната тајна и размената на податоци со надлежните државни органи? На трибината говореа д-р Гоце Трајковски како модератор и го образложи Законот за СППФТ, Искра Ивановска која говореше за Законот за банки и Анита Томевска говореше за FATCA. Беа разгледани следните прашања и дилеми:

Како да се стекне или зачува довербата на клиентот кога се знае дека по сила на закон дел од неговите лични податоци треба да бидат пренесени на државните органи? Дали треба да се врши размена на податоци само во делот на заштита од кредитниот ризик или и во делот на депозитите? Каков став да се заземе во однос на фамозната FATCA (Foreign Account Tax Compliance Act), кога се знае дека многу побогати и поразвиени национални економии од нашата се соочуваат со отворени прашања на ова поле.

Учесниците на трибината се обидоа да дадат одговор на овие и уште на некои други прашања. Ако се има во предвид дека во својство на учесници се појавија лица од праксата, односно вработени во стручните служби за спречување на перење пари во деловните банки и штедилници, јасно е дека оваа трибина ги даде очекуваните резултати.

Ова е трет едукативен собир на циклусот предавања за спречување на перење пари, што го спроведува СФДМ. Минатата година се одржаа два собири, додека се планира одржување уште предавања на истата тема.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc